Витаминка започнува со имплементација на ESG – чекор поблиску до одржлива иднина

Витаминка започнува со имплементација на ESG! Со гордост објавуваме дека Прехранбената индустрија Витаминка АД Прилеп официјално го започна процесот на воведување на ESG (Environmental, Social, Governance) преку VSME рамката на репортирање, која ги обединува нашите заложби за одржлив раст, општествена одговорност и транспарентно корпоративно управување. До крајот на април 2026 година ќе биде подготвен првиот ESG извештај на Витаминка, со кој ќе ги прикажеме нашите активности и цели за одржливо работење во сите сегменти – од производство и иновации, до логистика, човечки ресурси и комерција. ESG не е само стандард, туку начин на размислување и делување што ја движи компанијата напред – кон европски и светски вредности на одговорен и одржлив бизнис. “Витаминка – традиција со вкус на иднината”.