Витаминка дел од „Бизнис перспектива: Зошто имплементирање на ESG е важно?“

На ден 11.11.2025, во просториите на Економски факултет во Скопје, беше организиран настан на тема: „Бизнис перспектива: Зошто имплементирање на ESG е важно?“, на кој учество зеде и Директорот на правни работи и човечки ресурси Орде Ѓорѓиоски.

Во рамки на настанот беше организирана панел дискусија за пренесување на искуствата од почетокот на имплементацијата на VSME (Voluntarily Reporting for Small and Medium Enterprises) рамката во „Витаминка“, а директорот се задржа и на предизвиците со кои се соочува компанијата во овој процес. Имено, процесот е подолготраен и е поделен на повеќе фази. Во почетокот фокусот е ставен на обуките на менаџментот и директно афектираните лица, а потоа се продолжува на зголемување на свесноста кај првите соработници со коишто компанијата соработува. До крајот на април 2026 година е планирано издавањето на првиот ESG извештај согласно оваа рамка.

Она што е неспорно е фактот дека „Витаминка“ прави исклучителни напори на сите три полиња поврзани со стратегијата: животна средина, општество и управување. Сепак, потребно е да се земе предвид дека имплементацијата, што подразбира и обработка на податоците, бара значителни инвестиции и во нова технологија, обуки и инфраструктура. Дополнително, за да се говори за успешна имплементација, потребно е пошироко вклучување и на јавниот сектор во смисла на доследно и посветено извршување на јавните овластувања.

 

Витаминка дел од „Бизнис перспектива: Зошто имплементирање на ESG е важно?“