Витаминка на Меѓународен конгрес на правници

Во периодот од 25 до 28 март, во Блед, Словенија, се одржува петтиот Меѓународен конгрес на правници.

Овогодинешната тема е „AI и право“, со фокус на примената на вештачката интелигенција во правната професија. Конгресот обединува повеќе од 300 правници од целиот регион, како и претставници од Европската Унија кои активно работат на овие теми.

Присутните имаат можност да проследат врвни предавања од афирмирани експерти, како и да учествуваат во панел-дискусии и тркалезни маси посветени на актуелните предизвици и трендови во правото.

Посебен акцент е ставен на попладневните B2B средби и можностите за професионално вмрежување.

На Конгресот присуствуваат и претставници од Витаминка – Владимир Видески, правник, и Орде Ѓорѓиоски, директор на секторот за правни и општи работи.

Претставници на Витаминка дел од Меѓународниот конгрес на правници во Словенија