Витаминка со поддршка за современото здравство во Прилеп

Создавањето нови можности за заедницата останува наша трајна мисија. Горди сме што преку донирањето на современи лапароскопски инструменти за Општата болница во Прилеп, бевме дел од историски успех за локалното здравство – првата лапароскопски изведена операција на хернија со TAPP техника. Оваа инвестиција значи подобра здравствена заштита, пократок болнички престој и побрзо враќање на пациентите кон нивните секојдневни активности. Продолжуваме да инвестираме во проекти кои носат подобра и поздрава иднина за сите.

ГАЛЕРИЈА - Витаминка со поддршка за современото здравство во Прилеп