Во Прилеп се одржа бизнис-настан за младинско претприемништво и бизнис-пичинг, прв настан од ваков тип

Ученици од прилепските средни училишта своите храбри бизнис идеи ги презентираа пред претставници на бизнис-секторот, професори, ментори и искусни претприемачи.
Ние како македонска компанија силно веруваме во потенцијалот и силниот претприемнички дух на идната генерација, како свежа сила во развојот на локалната економија.

Со задоволство споделуваме дека Душица Неделкоска од Секторот за маркетинг во Витаминка беше наш претставник на настанот и ја имаше честа да биде дел од жири-комисијата која го даде своето мислење и ги оценуваше „младите идеи“.

И продолжуваме да ги поддржуваме иницијативите кои значат сигурна иднина за младите, секогаш промовирајќи го младото претприемништво, како и отворајќи позиции за надежните генерации кои својата иднина ја гледаат во нашата земја.

ГАЛЕРИЈА - Во Прилеп се одржа бизнис-настан за младинско претприемништво и бизнис-пичинг, прв настан од ваков тип