Ануга и оваа година отвори можности за Витаминка

Тимот на Витаминка повторно успешно ја претстави компанијата и нашите производи на најпрестижниот светски саем за храна и пијалаци, Ануга 2019.

Штандот на Втаминка, како и нашите високо квалитетни производи привлекоа огромно внимание кај големиот број посетители, претставници на познати ланци маркети, дистрибутери, познати увозници, менаџери и сопственици на компании од целиот свет.

Претставена беше целата производна палета на Витаминка, но соодветно на искуството од минатите години, овој пат акцентот беше ставен на секогаш и секаде присутните Стоби флипс, Цевитаната, кексите Сарита и Деспина како и неодоливите за многумина морски школки Атлантис. Покрај претставувањето на нашите високо квалитетни производи, презентацијата на компанијата и производите беше направено на највисоко ниво што придонесе за зголемување на имиџот и реномето пред странските компании и можни соработници.

Германскиот саем, со седиште во Келн има веќе 100 годишна традиција и претставува најважниот настан за прехранбената индустрија. Секоја години е се поголем и го посетуваат стотици илјади посетители, изложувачи, производители, сопственици на ланци, дистрибутери и слично. Оваа година на саемот беа присутни околу 7000 изложувачи и повеќе од 150.000 посетители кои имаат можност да се запознаат со брендот Витаминка, да ги дегустираат и да уживаат во нашите производи.

ГАЛЕРИЈА ОД САЕМОТ АНУГА 2019