Брилијант омега 3 извор на есенцијалните масни киселини
Есенцијалните омега-3 масни киселини се неопходни за правилно функционирање на нашиот организам, а не можат да се синтетизираат. Тоа значи дека нив мораме да ги внесеме преку исхраната. Затоа Витаминка го создаде Брилијант Омега 3 маслото за јадење збогатено со есенцијалните омега 3 масни киселини.
За омега 3 масните киселини се знае дека постојат три типа, DHA, EPA и ALA. Првите два типа најмногу се застапени во рибите од ладните мориња, морските плодови и алгите додека третиот тип го има во некои семиња и јаткасти плодови. Брилијант Омега 3 маслото за јадење е збогатено со DHA омега 3 есенцијална масна киселина од екстракт од алги и тоа во концентрација од 40 mg/100g масло и претставува извор на омега 3.
„Основен предизвик при креирањето современи производи од есенцијални омега 3 масни киселини е да се добие пречистена а концентрирана супстанција со високо дејство, која истовремено нема ниту мирис ниту вкус кој потсетува на риба и е соодветна и за деца и за вегетаријанци. Така, алгите стануваат се поинтересен и позначаен извор на омега 3 масни киселини кои го задоволуваат ова барање, а ние Брилијант Омега 3 го создадовме со доволно висока концентрација да ги задоволува потребите и да биде вреден извор на оваа масна киселина есенцијална за човековото здравје “, вели Ангела Стојкоска, шеф на одделение – Развој на производи и амбалажа во П.И. Витаминка ад Прилеп.
Омега 3 масните киселини се едни од најтемелно истражуваните хранливи компоненти и често се опишуваат како „скапоцени маснотии“ кои поволно делуваат на здравјето првенствено на мозокот, срцето и очите што е потврдено и од страна на Светската здравствена организација (СЗО). Храната збогатена со омега 3 станува вреден извор на овие скапоцени масни киселини во исхраната на човекот, посебно во современиот начин на живот.
Брилијант,
Твојот прв избор!