За незаборавни училишни денови: подароци за првачињата од големото семејство на Витаминка
Со голема радост и оваа година ги изненадивме првачињата на нашите вработени! За нивниот прв чекор во училишните клупи подготвивме нови ранци исполнети со целосен училишен прибор, брендирани Витаминка подароци и, секако, сладок пакет преполн со омилените вкусови. На сите првачиња, но и на останатите ученици им посакуваме среќен и успешен почеток на училишната година. … Повеќе
Повеќе
Како благодарност за континуираната поддршка и помош децата од групата Детелинки, од ЈОУДГ Наша иднина, градинка Бончејца од Прилеп изработија слика и ја подарија на компанијата. Сликата плод на детската фантазија и креативност беше изработена целосно од децата и наменета за Витаминка.