
Пред петчлената комисија и со емитување во живо на YouTube каналот на Витаминка, беше одржана и втората Стобиранка каде беа извлечени новите добитници од наградната игра.
И овој пат беа доделени 177 вредни награди. На втората стобиранка најсреќна беше Викторија Илиеска добитник на автомобилот Toyota Yaris, а Стамболиќ Марија се радува на добиениот скутер. Целата листа со добитниците, како и нивни фотографии може да се погледнaт на веб страната www.stobiranka.mk
Во комисијата покрај претставникот на Витаминка беа и нотар, претставник од маркетинг агенцијата Дивижн, претставник од Toyota и преставник на Fаcebook Стоби флипс фановите.
Следи уште една Стобиранка што ќе се одржи на 25ти декември и која ќе ги даде и последните добитници на наградната игра и воедно ќе биде извлечена главната награда, најновиот модел на Toyota C-HR Hybrid. Среќниот добитник ќе биде првиот сопственик на овој автомобил во Македонија.