За незаборавни училишни денови: подароци за првачињата од големото семејство на Витаминка
Со голема радост и оваа година ги изненадивме првачињата на нашите вработени! За нивниот прв чекор во училишните клупи подготвивме нови ранци исполнети со целосен училишен прибор, брендирани Витаминка подароци и, секако, сладок пакет преполн со омилените вкусови. На сите првачиња, но и на останатите ученици им посакуваме среќен и успешен почеток на училишната година. … Повеќе
Повеќе
Пакети производи и вода беа донирани од Витаминка за прилепските пожарникари кои се бореа со огнените стихии во регионот. Додека во околината на Прилеп гореа стихии кај селата Канатларци, Подмол, Топлица, Ракле, Смолани единствено припадниците на Територијалната против пожарна единица од Прилеп се справуваа со пожарите и дежураа во случај на појава на нов пожар. Пожарникарите интервенираа на тешко пристапни терени, заради што им беше потребно ургентно снабдување со вода и храна додека беа на терен.