Концерт на Дино Мерлин во Охрид

Дино Мерлин, една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, доаѓа во Охрид и на 23 јули на стадионот Билјанини извори ќе одржи свој концерт. 

Цевитана како официјален покровител на концертот на Дино Мерлин, за секоја купена влезница, на посетителите ќе им овозможи и гратис пакување од своите најпознати вкусови.

После паузата од цели 7 години, Дино Мерлин повторно ќе настапи во Охрид, со обид да го сруши рекордот на посетеност во текот на целата негова турнеја и да биде единственото место што ќе собере повеќе од 25.000 публика.

На овој настан, посетителите ќе имаат уште една можност да уживаат во музиката и познатите хитови на Мерлин, а истовремено и да се разладат со разните вкусови од витаминскиот инстант пијалак, Цевитана.