Награда за Витаминка за општествена одговорност од Банка за храна 

Банка за храна Македонија, непрофитна, хуманитарна организација која им помага на сиромашните и гладни граѓани на Македонија, ја награди Витаминка како општествено одговорна компанија. Наградата ѕвездена статуетка и титула „SВЕЗДА ПРОТИВ КОВИД 19“ е за помошта од компанијата во храна наменета за поединци и семејства кои се во социјален ризик, особено во време на пандемијата од Ковид 19.

Наградата беше врачена на манифестацијата организирана од Банка за храна по повод остварувањата и наградување за сите општествено одговорни поединци, субјекти и институции во битката со Ковид 19.

„Како компанија што е дел од заедницата, општествената одговорност на Витаминка кон граѓаните е дел од нашето секојдневно работење. На донациите во храна, не гледаме само како на обврска туку како помош кон некому што му е потребна, затоа што најголема несреќа е некој да нема храна и средства да го нахрани семејството. Оваa награда денеска е доказ дека вистински сме придонеле за тоа и сме помогнале каде и кога било најпотребно. Но, проблемот со недостаток на храна е голем и сериозен и затоа во секоја можност се обидуваме што повеќе да помогнеме, да донираме што поголеми количини храна, да нахраниме што повеќе семејства но исто така и да поттикнеме и другите, компании, ресторани, ланци маркети да се вклучат во проекти за донирање храна и со тоа да помогнеме и да предизвикаме позитивна промена“ истакна Симона Симоновска, шеф на маркетинг во Витаминка.

Препознаена како општествено одговорна компанија со фокус на семејствата во социјален ризик, Витаминка заради ваквата своја активност доби признание и од Хуманитарната организација „Свети Спас“ поради постојаната поддршка на иницијативите на организацијата и честите донации во храна и производи за штитениците. 

Витаминка е компанија со интензивна и постојано активна општествена одговорност, а овие активности особено ги засили од почетокот и во текот на целиот период на пандемијата со чести и континуирани донации на средства, храна и прехранбени производи со вкупна вредност од околу 5 милиони денари наменети за ранливи категории, лица и социјално загрозени семејства, на тој начин придонесувајќи за полесно справување со секојдневните предизвици.

Награда за Витаминка за општествена одговорност од Банка за храна