Наумоски почесен претседател на УО на регионалната канцеларија на Стопанската комора во Прилеп

 Претседателот на Одборот на директори на Витаминка Симон Наумоски е назначен за почесен претседател на УО на регионална канцеларија на Стопанската комора во Прилеп. Како долгогодишен стопанственик, сопственик и менаџер Наумоски беше и долгогодишен поранешен претседател на прилепската Стопанска комора. Во улогата на претседател Наумоски низ годините даде голем придонес во креирањето на економските текови во Прилеп, нивно унапредување, развивање и создаде основа за успешна меѓусебна соработка. 

Одлуката за Наумоски беше донесена на последната седница на ова тело, при што прилепските стопанственици изборот го поздравија со овации и му подарија уметничка слика, заблагодарувајќи му се за досегашната соработка и неговиот особен придонес во работата на регионалната канцеларија на Стопанската комора во Прилеп.

 

 

 

ГАЛЕРИЈА ОД НАУМОСКИ ПОЧЕСЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ