Одржана обука и презентација во М6 едукативниот центар за новиот производ на Витаминка – бонбониерата Сори

Во Едукативниот центар М6 во Скопје се одржа обука за продажните служби на Витаминка и презентација на новиот производ – елегантната бонбониера „Sorry“ на Витаминка. 

„Sorry“ се состои од 16 пралини од млечно чоколадо исполнети со вкус на егзотична смоква. Со новата бонбониера на Витаминка може да се извините некому доколку сте му згрешиле или пак да си простите на себе што нема да одолеете на искушението да ја пробате превкусната чоколадна солза.

Ова бонбониера настана како соработка меѓу маркетинг агенцијата Навигаторс и најголемиот кондиторски производител Витаминка.

„Sorry“ за себе бидејќи ќе пробате од новата, превкусна и неодолива бонбониера.