Основци од Прилеп во посета кај нас

Триесетина четвртоодделенци од општинското основно училиште „Кире Гаврилоски-Јане“ од Прилеп ја посетија работната единица „Кекси на Витаминка“.

Основниците имаа можност да го видат начинот на производство на Фрути меките кекси. Управникот на РЕ „Кекси“ Жанета Присаѓанец и технолозите во оваа работна единица им ја објаснија постапката на подготвување на вкусните Фрути од почеток до финален производ.

Учениците имаа можност да пробаат од пресно подготвените кекси, уверувајќи се во убавиот вкус и ветувајќи дека повторно ќе нè посетат. Во знак на благодарност ни подарија рачно изработена честитка.

 

 

 

ГАЛЕРИЈА ОД ОСНОВЦИ ОД ПРИЛЕП ВО ПОСЕТА КАЈ НАС