ОУ „Манчу Матак“ во Витаминка

Педесетина ученици од седмо одделение при ОУ Манчу Матак од Кривогаштани ја посети работнатата единица Кекси на Витаминка.

Посетителите имаа можност да видат како се произведуваат интегралните кекси Деспина. Во склоп на работната единица, ја посетија и лабораторијата, а управникот на РЕ Кекси и технолозите во оваа работна единица ги поведоа низ постапката на подготвување и испитување на производите. 

Како и секој добар домаќин, персоналот на Витаминка ги почести гостите со дел од многубројните производи. Посетителите ја напуштија фабриката задоволни од приемот и ветија дека повторно ќе не посетат. 

Оваа посета во Витаминка, ОУ Манчу Матак ја организира како дел од програмата по предметот Вештини на живеење.

 

 

 

ГАЛЕРИЈА ОД ОУ „Манчу Матак“ ВО ВИТАМИНКА