Сертифициран ИСО 14001

На ден 11.04.2016 год. во „Витаминка“ беше извршена успешна сертификација за системот за менаџмент на животна средина ИСО 14001:2004, преку сертификационото тело “TÜV Nord” Германија.

Со имплементацијата и сертификацијата на овој систем се потврдува дека „Витаминка“ во целост ги задоволува највисоките стандарди во делот на животната средина и продолжува понатаму со уште поголем интензитет да работи посветено на овој план. На редовна основа се испитуваат сите аспекти поврзани со животната средина и се преземаат активни мерки за постојано подобрување на состојбите. Влогот во животната средина е наш врвен приоритет бидејќи сме цврсто уверени дека влогот во животната средина е влог во нашата иднина.

Со сертификацијата на овој систем нашите производи добиваат една додадена еколошка вредност, што веруваме дека ќе биде препознаено од нашите ценети купувачи.

Во наредниот период интензивно ќе се работи на усогласување со последната ревизија на овој систем од 2015 година.