Скопски ученици во Витаминка

Работната единица Кекси на Витаминка ја посетија ученици од основното училиште ,,Вера Циривири – Трена“ од Скопје. Организирани во две групи, тие се запознаа со постапките од процесот на производство на Фрути кексите. 

Повеќето прашања што ги имаа овие мали посетители беа сконцентрирани на актуелната наградна игра на Витаминка наречена ,,Стобиранка“, меѓутоа имаше и такви кои прашуваа за практичната примена на дел од методските единици по одредени предмети што ги изучуваат.

На крај, се заблагодарија за гостопримството, ветувајќи дека повторно ќе нѐ посетат. Среќни и задоволни ја напуштија фабриката со мали, вкусни подароци од Витаминка.