СОУ „Ѓорче Петров“ во Витаминка

Витаминка“ ја посетија ученици од Природно-математичката секција при СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп.

Во рамките на наставната програма на секцијата по предметите физика и хемија и предвидената посета на погон за производство на храна, тие имаа можност да го видат начинот на производство на Фрути во нашата РЕ Кекси.

Средношколците од Прилеп беа задоволни од добиените одговори на поставените прашања до стручниот тим, а вкусија и дел од широката палета производи на „Витаминка“.

Нивниот заклучок од посетата беше дека кексите се произведуваат со најсовремена технологија со контролиран процес на производство на сите нивоа и со висок степен на хигиена во производствениот погон.