Средношколска посета на Витаминка

Ученици од трета година, профил – Фармацевтско лабораториски техничар при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, како составен дел од наставната програма ја посетија Хемиската лабораторија на „Витаминка“.Директорот на сектор Контрола на квалитет Натали Петреска и шефот на Хемиската лабораторија Олга Ристеска, ги запознаа учениците со работата на лабораторијата и мерните инструменти. Учениците имаа можност да видат неколку испитувања за квалитетот на некои полупроизводи што редовно се испитуваат во лабораторијата. Ваквиот начин на контрола на полупроизводите и амбалажата за производите е многу важен за добивање на константно добар квалитет и изглед на производот. 

Маркетинг координаторот, Душица Неделкоска, пак, ги запозна средношколците со работата на компанијата и производниот асортиман.

 Идните фармацевти се почестија и со производи на „Витаминка“. 

 

 

 

ГАЛЕРИЈА ОД СРЕДНОШКОЛСКА ПОСЕТА НА ВИТАМИНКА