Штип, [18.05.2025] – Безвременскиот Стоби Флипс на Витаминка со гордост ја презеде улогата на генерален спонзор на детската спортска манифестација „Децата под Исарот“, која по втор пат го оживеа Штип оваа година. Настанот кој е посветен на радоста, движењето и единството, се одржа под покровителство на брендот што неуморно ги поддржува вредностите на активниот и здрав начин на живот.
Трката е уникатна можност за најмладите да ги искажат своите спортски таленти, да се натпреваруваат во безбедна и стимулирачка атмосфера, а пред сè – да научат дека движењето и тимскиот дух се основа на секоја здружена заедница.
„За нас во Витаминка, поддршката на вакви настани не е само обврска, туку страст. Веруваме дека децата се иднината, а нивното здравје и насмевки се најголемото богатство. Со учеството во „Децата под Исарот“, сакаме да ја истакнеме важноста на физичката активност и радоста од споделување“, истакнуваа од маркетинг секторот на Витаминка.
Оваа година, на настанот учество зедоа околу 700 деца, поделени во повеќе категории од 4 до 14 годишна возраст. Трката е со хуманитарен карактер и сите средства ќе бидат донирани.
Стоби Флипс и Витаминка искрено им се заблагодаруваат на организаторите за довербата и можноста да се биде дел од оваа прекрасна иницијатива. Заедно, продолжуваме да градиме свет каде што секое дете ќе има можност да расте силно, здраво и исполнето со позитивна енергија!