Студенти од Прилеп во Витаминка

Во рамките на реализирање на наставата и продлабочување на практичните знаења по предметот Глобални снабдувачки синџири, група студенти од четврта година на Економскиот факултет во Прилеп, заедно со предметниот професор д-р Анета Ристеска Јанкулоска ја посетија „Витаминка“.

Студентите практично се запознаа со дел од активностите на синџирите на снабдување на производите коишто ги нуди нашата компанија. Синџирот на снабдување како систем чии составни делови се: материјали, производствени објекти, дистрибутивни служби и корисници поврзани заедно преку текот на материјали и повратниот тек на информации е доста сложена проблематика. За совладување на теоријата, неопходни се и практични искуства.

Студентите ги посетија складишните простории за  суровини и материјали, амбалажа и готови производи. 

 

 

 

ГАЛЕРИЈА ОД СТУДЕНТИ ОД ПРИЛЕП ВО ВИТАМИНКА