Група студенти од трета година при Економскиот факултет во Прилеп ја посети Витаминка. Предводени од предметниот наставник по Бизнис логистика Марика Башеска Ѓорѓиеска, тие се запознаа со логистичките активности на Витаминка, со начинот на прием, складирање и подготвување на готови производи со сите дополнителни логистички податоци за следливост и контрола на процесот.
Студентите беа пречекани од одговорниот за маркетинг Душица Неделкоска, која накратко ги запозна со почетоците и растот на овој прехранбен гигант во Македонија и регионот, со промотивните активности и новите производи кои излегоа на пазарот последните неколку месеци, со структурата на вработените во компанијата, како и организациската поставеност.
Љупчо Велески, директор на сектор Извоз, се осврна на логистичкиот пат на сите влезни и излезни инпути во Витаминка, на разликите во логистичката поддршка во Македонија и во соседните земји, на постојаната контрола на суровините, полупроизводите и производите во Витаминка од аспект на логистичка поставеност, управувањето со синџирот на снабдување, како и интерните комуникации. Тој ги запозна студентите и со начинот на договарање и испорака на приватни марки.
Васко Наумоски, проект менаџер во ИТ одделот, говореше пред студентите за алатките за следливост и контрола на процесот на прием и движење на инпутите во фабриката, ги запозна со нашиот ЕРП систем, начинот на обележување на логистичките податоци и во магацините и на палетите. Говореше и за ЕДИ системот за електронска размена на информации кој е се поактуелен во периодов и за начинот на анализа на извештаи за гореспоменатите процеси преку софтвер за извештаи.
Студентите посетија и еден од магацините во Витаминка и со шефот на магацинот Билјана Маркоска практично видоа дел од овие процеси.
Во рамки на меѓународна студиска програма, Витаминка беше посетена од висока делегација од Република Узбекистан, која престојува во Северна Македонија со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ). Посетата беше насочена кон запознавање со практичните искуства на македонските компании во областа на индустрискиот развој, унапредувањето на продуктивноста и примената на современи и одржливи решенија … Повеќе
Витаминка и оваа година е дел од ISM во Келн, каде што компанијата се претставува пред меѓународната стручна и деловна јавност со целокупниот асортиман, продолжувајќи ја традицијата на активно учество на овој престижен саем дванаесет години по ред. Изложувањето на ISM се третира како стратешка платформа за јакнење на извозното присуство, со фокус на продлабочување … Повеќе
Како најпрепознатлива прилепска компанија, Витаминка активно се вклучи во создавањето на „Прилепскатa празнична приказна“, настан организиран од градот а наменет за граѓаните на Прилеп во пресрет на празниците. Преку своето присуство додаде дополнителна вредност и содржина, носејќи препознатлива радост и празничен дух што ја надополнија атмосферата на настанот. Со своето учество Витаминка придонесе за збогатување … Повеќе
Во духот на новогодишните празници и хуманите вредности што ги негува, Витаминка покрај останатите активности за деца организирани во предновогодишниот период, реализираше и новогодишна донација наменета за најмладите пациенти кои се лекуваат во неколку здравствени установи во земјава. Со новогодишни пакетчиња од Витаминка и внимателно одбрани играчки, компанијата внесе празнична топлина и насмевки кај децата … Повеќе