Трето извлекување на Стобиранка

Третата Стобиранка го даде добитникот на главната награда, најновиот модел на Toyota C-HR Hybrid, Давид Николоски од Прилеп, кој стана сопственик на првиот ваков модел на автомобил во Македонија. Среќната добитничка на скутер е Билјана Бајалска од Скопје. Честитки за Давид и Билјана, а подеднакво им честитаме и на преостанатите 175 добитници на награди. 

Ова беше третото и последно извлекување на Стобиранка, големата наградна игра од Витаминка на која што се доделени вкупно во сите три циклуси 531 награда. Секое извлекување беше надгледувано од петочлена жири комисија и секоја Стобиранка беше пренесувана во живо на YouTube каналот на Витаминка.

Наградната игра на Витаминка со брендот Стоби траеше три месеци, период во кој нашите потрошувачи уживаа во некои од вкусовите на Стоби Флипс, исчекуваа некоја награда и се забавуваа. Ова беше едно прекрасно искуство за сите нас. Да продолжиме да уживаме во Стоби Флипс и понатаму!

 

 

ГАЛЕРИЈА ОД ТРЕТО ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА СТОБИРАНКА