Витаминка дел од „Shaping the Era of Agentic AI“ во Скопје!

Бранимир Димков и Дејан Пирганоски, претставници на ИТ секторот на Витаминка, присуствуваа на Tech Conference 2026, организирана од CTO Professionals Club Macedonia.

Настанот беше посветен на иднината на технологијата, вештачката интелигенција (AI) и нејзината примена во современото деловно работење.

Преку размена на знаења и искуства, продолжуваме да ги следиме технолошките трендови и можностите за дигитална трансформација и иновации.

Витаминка – чекор напред кон дигиталната иднина!