Витаминка на Food expo во Атина

Со целосниот асортиман вклучувајќи ги најсилните брендови, на голем изложбен простор Витаминка за прв пат се претстави на саемот Food expo во Атина. Саемското претставување беше проследено со презентации на производни програми и дегустации на производи. Сето тоа предизвика големо внимание од присутните трговци, сопственици на ланци супермаркети и граѓани. 

Во време кога секторот за храна е еден од најдинамичните области беше исклучително важно успешно и впечатливо да се претставиме на саемот во Атина, да видиме какви се реакциите на нашите производи започнувајќи од изгледот, дизајнот и се разбира вкусот и да ги измериме преференциите на пазарот. Токму затоа целата презентација ја осмисливме со цел производите на Витаминка да станат познати и поблиски за посетителите. А саемот во Атина важи за еден од најкомпетитивните во однос на бројноста на домашните изложувачи и странските посетители. После едно вакво претставување, навистина можеме да се надеваме на добар прием и пласман на нашите производи на кој било пазар“, изјавија колегите од нашиот сектор за извоз.

Со 1.200 изложувачи на изложбен простор од 45.000 метри квадратни, Food expo 2017 е  најголемиот саем за храна и пијалаци во Грција и еден од водечките меѓународни саеми од ваков вид во светот. Оваа година саемот беше посетен од повеќе од 46.000 професионалци од 88 земји од целиот свет.

ГАЛЕРИЈА ОД ВИТАМИНКА НА FOOD EXPO ВО АТИНА