Витаминка на најголемата европска конференција за Microsoft Dynamics 365 и Power Platform – DynamicsMinds 2025

Од 26 до 28 мај 2025 година, во Порторож, Словенија, се одржа DynamicsMinds 2025 – најголемата европска конференција посветена на Microsoft Dynamics 365 и Power Platform. Настанот собра над 1.000 професионалци од целиот свет, преку 150 сесии, повеќе од 120 говорници, 50+ партнери и 40+ Microsoft MVP-ја, кои споделија иновации, искуства и најдобри практики од областа на дигиталната трансформација.

Гордост ни е што Витаминка имаше свои претставници на ова значајно ИТ случување. Делегацијата ја сочинуваа:
• Васко Наумоски, ИТ менаџер
• Дејан Пирганоски, ИТ администратор
• Филип Кузманоски, ИТ администратор
• Бранимир Димков, шеф на сметководство

Учеството на нашите колеги придонесе за унапредување на техничките знаења и разбирање на современите алатки и решенија што Microsoft ги нуди за поефикасно управување со процесите, подобрување на продуктивноста и забрзување на дигиталната трансформација во компанијата.

Следењето на најновите трендови и инвестирањето во континуирана едукација се дел од нашата заложба за иновации и подобрување на работењето на сите нивоа.

Галерија - Витаминка на најголемата европска конференција за Microsoft Dynamics 365 и Power Platform – DynamicsMinds 2025