Витаминка на тркалезна маса за родово одговорни семејни политики

На 4-ти април, во организација на УНФПА и Здружението Конект, поддржани од Австриската агенција за развој (АДА), во Битола се одржа тркалезна маса на тема „Родово одговорни семејни политики со институции и организации: можности и предизвици“.

Од страна на Витаминка, учество зема Верица Исајловска, Администратор за Човечки ресурси, која заедно со претставници од општините, инспекторати, синдикати, компании и комори, дискутираше за начините на имплементација и унапредување на родово одговорните практики во работната средина.

Овие политики претставуваат важен чекор кон создавање на поинклузивна, правична и продуктивна работна средина, со позитивно влијание врз благосостојбата на вработените и нивниот баланс помеѓу работата и приватниот живот. Со учество на вакви настани, Витаминка активно придонесува за унапредување на добрите практики во приватниот сектор, со јасна визија за поддршка на родова еднаквост и одржлив развој.