Витаминка се стекна со одобрение како Овластен економски оператор во делот Царински поедноставувања, безбедност и сигурност. Оваа одлука е дел од усогласувањето со царинското законодавство на Европската унија каде е регулиран статусот на ОЕО.
Истата носи бројни поволности што директно ќе се одразат врз ефективноста во работата на компанијата, брзината и транспортот. Се однесуваат на намалени физички и документарни контроли, приоритет во случај кога е селектиран за контрола, избор на место за контрола, предност при одлучување за поднесени барања во Царинската управа, полесен пристап до царинските поедноставувања и можност за взаемно признавање на издадените одобренија со други земји.
Покрај тоа, со оваа одлука Витаминка станува корисник и на логото Овластен економски оператор, аплицирано на целосната царинска и транспортна документација, што го овластува носителот на ова лого како економскиот оператор со воспоставени механизми за сигурност во своето работење и претставува сигурен и безбеден партнер на Царинската управа.