70 години Витаминка. 60 години МТФ „Војдан Чернодрински“. 50 години поддршка!

Витаминка е долгогодишен верен партнер и поддржувач на најреномираниот интернационален татарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Оваа година е од особено значење, проследена со дури 3 значајни јубилеи.

Јубилеи кои се сведоштво за партнерството и пријателството кое ги промовира и негува вистинските вредности на театарската уметност и македонската култура, како и на нашето локално и интернационално реноме на

На свеченото отворање на 60-то издание, бевме почестени со Благодарница за Витаминка, како поддршка и придонес во развојот на Фестивалот.

На наше големо задоволство, ја имавме и честа да бидеме домаќини на реномираните гости и учесници на Фестивалот, врвни метници од театарската фела кои ја посетија Витаминка во текот на фестивалските денови.

Ви благодариме и продолжуваме да бидеме верни партнери и поддржувачи, за нашиот театар, за нашиот град, за нашата земја.

70 години Витаминка. 60 години МТФ „Војдан Чернодрински“. 50 години поддршка!