ССМ: КОМПАНИЈА НА НЕДЕЛАТА – ВИТАМИНКА АД ПРИЛЕП

Сојузот на синдикатите на Македонија, по примерот на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), во април започна кампања на прогласување на најдобра компанија на неделата.

Оваа недела Компанија на неделата е Витаминка АД Прилеп.

Според ССМ, во услови на здравствена криза која не смееме да дозволиме да се претвори во криза на пазарот на трудот, кога голем број на несовесни работодавачи најавуваат отпуштање на работниците, праќање на принуден одмор, намалување на платите, подметнување на спогодби за престанок на работниот однос за кои ССМ континуирано во изминатиот период предупредуваше, сметаме дека е важно да се информира за компаниите кои се пример и кои треба да ги следат сите работодавачи во овој период.