Комерцијалниот директор на Витаминка, учесник на настанот за лидерство со резултати, на Економскиот факултет

„Ефективното лидерство се определува од компетентноста, а не од полот!“
Ова е мотото и носечката тема на настанот „Лидерство за резултати: разновидно лидерство и деловен успех“, организирана од Економскиот факултет – Скопје и Обединетите нации.
Настанот ги обедини бизнис лидерите, академската заедница, студентите и носителите на политики. Секако, комерцијалниот директор на Витаминка, Владимир Трпаноски ја имаше честа и задоволството да биде активен учесник во панел-дискусијата, заедно со претставниците на најголемите македонски компании.

„Лидерството не треба да се мери само преку непосредните деловни резултати, туку и според силата на тимовите што лидерите ги оставаат зад себе.“, изјави Владимир Трпаноски, Комерцијален директор на Витаминка.

Учеството на вакви настани е можност за зајакнување на лидерските капацитети во компаниите, но и за студентите и младите професионалци кои преку практични сознанија од реалниот сектор, менторство ќе добијат појасна слика за вештините потребни за успешно лидерство во економија што брзо се менува.

ГАЛЕРИЈА - Тимот на Витаминка, учесник на настанот за лидерство со резултати, на Економскиот факултет