Ново Брилијант високоолеинско сончогледово масло

ПОВЕЌЕ ИЗБОР, ПОВЕЌЕ БРИЛИЈАНТ

Нашето семејство на маслинови и сончогледови масла за јадење е побогато со Брилијант високоолеинско сончогледово масло.

ПО ШТО Е ПОСЕБНО ВИСОКООЛЕИНСКОТО СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО?

Создадено е од посебна сорта на семе на сончоглед, наменски произведена со цел  да се добие масло со висока содржина на олеинска киселина во составот, која има бројни придобивки за човековото здравје.

Има многу сличен состав со маслиновото масло, но и неутрален мирис што го прави прифатливо за потрошувачите на кои карактеристичниот мирис и вкус на маслиновото масло не им одговара. Исто така има висока оксидациска и термичка стабилност што му дава предност заради можноста за широка примена.

ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ ОД ВИСОКООЛЕИНСКОТО СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО

Новото Брилијант сончогледовото масло со висока содржина на олеинска киселина во својот состав има идеален баланс на масни киселини од кои олеинската киселина е застапена од 75-90%. Оваа масна киселина  спаѓа во групата на омега 9 масни киселини, која покрај омега 3 и омега 6 полесно се апсорбираат во нашиот организам и се есенцијални, односно  неопходни за правилен метаболитички процес. Исто така допринесуваат за одржување на нормално ниво на холестеролот во крвта. Потоа, витаминот Е кој уште се нарекува и витамин на младоста кој значително  е застапен во високо олеинското масло,  резултати од бројни истражувања покажуваат дека го смалува ризикот од стареење и кардиоваскуларни болести.

ЗА КОИ НАМЕНИ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ ВИСОКООЛЕИНСКОТО СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО?

Поради високата термичка стабилност, високоолеинското сончогледово масло се препорачува за пржење, печење и приготвување на храна на повисоки температури. При пржење и печење со ова масло се ослободуваат многу малку транс масти кои не се погодни за нашето здравје.

Не е исклучена и можноста за приготвување на ладни оброци. Идеално за оние што не преферираат интензивни мириси и вкусови.

Брилијант

Твојот прв избор!