Грижата за здравјето на сите вработени отсекогаш била приоритет број еден за Витаминка. Затоа, последниве три дена во просториите на компанијата се направија бесплатни ехо-прегледи на дојка и тироидна жлезда за околу 300 жени вработени во нашата компанија. Здравствените прегледи беа наменети за вработените од Прилеп, Штип и Скопје, општини каде компанијата има свои работни простории.
Оваа активност ја реализираме со цел да придонесеме за здравствената добросостојба на жените од сите возрасти вработени во компанијата и да апелираме за поголема здравствена грижа. Преку бесплатниот ехо-преглед на дојка и тироидна жлезда ќе поттикнеме на самосвесност за потребата од редовни прегледи и ќе ги охрабриме за поголема грижа и свесност за сопственото здравје. Веруваме дека со еден ваков чекор ќе ја подигнеме свеста за грижа за здравјето, за превенција од рак на дојка и ќе ги мотивираме и останатите компании и организации да вложуваат во своите вработени. Превенцијата е половина здравје и токму затоа, како општествено одговорна компанија продолжуваме да се грижиме за вработените преку преземање на конкретни чекори за заштита и унапредување на безбедноста и здравјето.