КОВИД – 19 МЕРКИ И АКТИВНОСТИ

Донација за здравствените лица

  Во знак на благодарност за максималната пожртвуваност и посветеноста на борбата против ковид-19 пандемијата, Витаминка испрати донација до здравствените лица и вработените во две здравствени установи во земјава. Донирани се пакети производи од компанијата за сите 255 вработени на Инфективната клиника во Скопје а исто таква донација е доставена и за 36 вработени на … Повеќе

Прочитај повеќе »

Две донации од Витаминка за здравствените установи во Прилеп

Како дел од нашата општествена одговорност кон заедницата на која и самите припаѓаме и соодветно на нашата определба постојано да ги следиме состојбите околу нас и да помагаме каде е најпотребно, реализиравме донации во две здравствени установи. Целта на донациите е да се помогне и да се подобрат условите во прилепските здравствени установи за нивната … Повеќе

Прочитај повеќе »

ССМ: КОМПАНИЈА НА НЕДЕЛАТА – ВИТАМИНКА АД ПРИЛЕП

Сојузот на синдикатите на Македонија, по примерот на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), во април започна кампања на прогласување на најдобра компанија на неделата. Оваа недела Компанија на неделата е Витаминка АД Прилеп.

Прочитај повеќе »

Интервју на Генералниот извршен директор на Витаминка за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“

Никој не очекуваше дека ќе дојде до оваква криза и пандемија. Ние секојдневно помагаме во оваа непогода. Работиме во прехранбена индустрија. Капацитетите ни работат непречено и без никакви проблеми имаме дистрибуција на производите. Храна мора да има!, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, директорот на „Витаминка“ Сашо Наумоски.

Прочитај повеќе »

Изјава на Директорот на правни и општи работи во Витаминка за Радио Слободна Европа

„Во овие вонредни услови на работење и живеење повеќе од кога било претходно треба да се покаже општествената одговорност на компаниите на дело. На овој начин помагаме да се зачуваат здравјето и безбедносна на граѓаните, да се ублажат последиците и со тоа сите побргу да излеземе како победници од кризата со коронавирусот.

Прочитај повеќе »