Изјава на Директорот на правни и општи работи во Витаминка за Радио Слободна Европа

„Во овие вонредни услови на работење и живеење повеќе од кога било претходно треба да се покаже општествената одговорност на компаниите на дело. На овој начин помагаме да се зачуваат здравјето и безбедносна на граѓаните, да се ублажат последиците и со тоа сите побргу да излеземе како победници од кризата со коронавирусот. Витаминка и понатаму како и досега останува посветена да помага на заедницата, на своите вработени, на граѓаните, таму каде што има потреба од помош секогаш излегувала во пресрет, дали тоа било во областа на спортот, културата, другите социјални дејности, тука сме доколку има потреба“, вели Орде Ѓорѓиоски, директор на правни и општи работи во Витаминка.

Тој додава дека ги почитуваат мерките за заштита на вработените и тие во овие услови работат со целосна заштитна опрема, а артиклите се произведуваат според најстроги стандарди за квалитет и безбедност на храна. Од Витаминка на граѓаните им препорачуваат да купуваат домашни производи.

Целата статија може да ја прочитате на: https://www.slobodnaevropa.mk/a/донации-спортисти-биснисмени-корона/30551507.html