Пет години по ред учесници на FMCG самитот

Како еден од најголемите производители во делот кондиторија и прехрана, Витаминка и оваа година, петта по ред беше дел од FMCG самитот. Во склоп на истиот поддржувајќи ја мисијата и улогата што овој настан го има во државата и на локалниот пазар, Витаминка беше спонзор на ручекот на предавачите и учесниците.

 

За големината и значењето на настанот зборува фактот што повеќе од 380 претставници на најголемите компании од секторот трговија со стока за широка потрошувачка беа присутни. Според обемот и значењето што го изгради овој самит е најголемото случување во трговскиот сектор во Македонија и е единствено место што ги поврзува трговците, производителите и дистрибутерите.

Учесниците се стекнаа со знаење за пазарот, новите движења и тенденциите, иновациите, трендовите во комуникација и пласманот, а говорници на ова издание беа 11 еминентни експерти во секторот, меѓу кои и ексклузивниот гостин, футурологот за малопродажба, Метју Браун.

 

Со своите теории и практики се претставија и Тине Крачун, директор на Институтот за стратешки решенија од Словенија, зборуваше за задолжителните стандарди кои треба да се исполнат по влезот на ЕУ – пазарот, Саша Кириќ, консултант од Србија кој зборуваше за иновациите во FMCG секторот, Патрик Зупанчич, сопственик на „Промо фил“, Драгиша Ристовски од „Гилберт центар груп“, Сергеј Зафировски од истражувачката агенција „Инсајдер ИД“ и други.