Витаминка на Dynamics Minds во Порторож

Витаминка ја има таа чест да присуствува на конференцијата Dynamics Minds во Порторож, Словенија, втората конференција на Dynamics 365 и Power Platform заедницата, воедно и место каде се среќаваат брилијантните умови. Конференцијата се одвива од 27 до 29 мај. 

Васко Наумоски, Дејан Пирганоски и Бранимир Димков се дел говорниците, учесници во дискусиите што ги опфаќаат сите комори на BizApps за финансии и операции, централизирање на деловноста, ангажирање на клиентите и платформа за зајакнување на деловноста.

Dynamics Minds има богата агенда од сесии, разговори и работилници а тоа што се очекува од тридневната конференција е поврзување и вмрежување со присутните и стручни лица во областа, размена на искуства и идеи. Воедно и инспирирање и откривање на тајните вештини на Microsoft стратегиите за најголемите предизвици, пренесени од експерти од индустријата од целиот свет.

Искуството од конференцијата Витаминка ќе го искористи за имплементирање на нови идеи во својата работа и за развој на веќе постоечките концепти и вештини.