Витаминка на Магичен концерт за нашиот Тоше Проески! 

Витаминка на Магичен концерт за нашиот Тоше Проески! 

На 6 јуни, во Дом на млади во Штип се одржа целодневен настан посветен на нашиот Тоше Проески. Со богата програма и голем број на учесници се оддаде почит на ликот на Тоше, неговите хуманитарни активности како и неговото музичко творештво. 

На настанот кој започна во 10 часот наутро со крводарителска акција „Биди хуман како Тоше”, а продолжи со ексклузивна премиера на најновиот документарен филм за Тоше во српска продукција и настап на дечињата од „Весело Штурче”,  Витаминка ја имаше честа да биде еден од спонзорите. Подаривме 20 карти на 10 свои случајни следбеници на Инстаграм мрежата, а на поставениот штанд делевме и Cake Up Loop колачиња за слатко задоволство.

Целодневниот настан кулминираше со главен концерт со повеќе од 15 музички ѕвезди кои ги пееја хитовите на Тоше, а сите заедно уживавме во магијата на музиката на нашиот ангел.

ВИТАМИНКА НА МАГИЧЕН КОНЦЕРТ ЗА НАШИОТ ТОШЕ ПРОЕСКИ!