„Оваа реномирана компанија ги користи придобивките на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, како и на владината мерката за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост КОВИД периодот. По основа на оваа мерка речиси 400 компании, добија вкупна финансиска поддршка во износ од 17.2 милиони евра. „Витаминка“ е компанија која вложува во нови вработувања, реализира капитални инвестиции, ја зголемува конкурентноста и освојува нови пазари. Токму затоа и ги исполнува условите за користење на средства овозможени со Законот за финансиска поддршка за инвестициите преку кој пак поддршка добија повеќе од 350 компании во земјата. Петгодишниот инвестициски проект на „Витаминка“ треба да се реализира до крајот на годината. Досега се инвестирани 419 милиони денари, а согласно планот, инвестицијата ќе достигне 702 милиони денари. До овој момент исплатената државна помош изнесува 68 милиони денари. Со Планот за економски раст, кој е во функција токму преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции и Среднорочната програма за поддршка на микро, мали и средни компании на Фондот за иновации и технолошки развој, само во 2021 година, македонското стопанство е подржано со 48,5 милиони евра“, изјави Ковачевски и потсети дека беа донесени и имплементирани шест пакети антикризни мерки, кои се проценети на вредност од околу 1,2 милијарди евра, за спас на работните места и одржување на ликвидноста на компаниите“, истакна премиерот Ковачевски.
„Развојот на компанијата, инвестициите и создавањето услови за долгорочна одржливост отсекогаш се дел од стратегијата на Витаминка. Инвестициите што ги вложивме во изминатите години, даваат резултат. Се соочуваме со кризни години. Тешки години за земјава. Токму во вакви години делумно со средствата доделени како помош од Владата успеавме да инвестиравме во купување на опрема, во фотоволтаична централа за сопствено производство на струја, проширување и опремување на магацински простор, развој на нови производи и за реконструкција и надградба на систем за автоматско управување со мулдинг линијата за производство на чоколада. Сите овие инвестиции влијаат врз работата на Витаминка и се во насока на унапредување, модернизација и автоматизација на техничко-технолошките процеси.
Тоа придонесува Витаминка континуирано да се проширува со поголема достапност на пазарите, во производството и производните капацитети, а сето тоа позитивно се одразува и врз пазарот и граѓаните.
Фабриката за масло во Штип, која ја купивме пред 4 години, денеска работи како дел од Витаминка и го снабдува домашниот пазар со дури 40 отсто од вкупната потреба на масло за јадење. Од целосното производство на Витаминка, 47% се пласира настранските пазари и тоа во над 30 земји. Работата на Витаминка, со овие бројки и показатели се одразува и врз домашната економија и економските параметри, а во моментов, кога сите се соочуваме со неизвесност предизвикана од случувањата на светските пазари, Витаминка работи во полн капацитет и со континуирано производство непрекинато ќе го снабдува пазарот со масло за јадење и другите основни производи“, истакна генералниот извршен директор на Витаминка, Наумоски.
Компанијата беше корисник и на средства за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост Ковид периодот, средства коишто беа искористени за фотоволтаична централа и вложување во фотоволтаици за производство на струја, за опрема за производство и лабораториска опрема, за реконструкција на објекти и за реконструкција и надградба на систем за автоматско управување со мулдинг линијата.
Витаминка е основана во 1956 година, како компанијата за производство на само еден производ, црвен пипер, а денес располага со производна палета од околу 350 пакувања производи во 20 различни категории. Во фабриката во Прилеп и фабриката Брилијант во Штип вработува околу 700 лица. Со својата обемна општествена одговорност и активност е еден од најголемите поддржувачи и помагачи на заедницата, со чести донации за социјално загрозени семејства, хуманитарни организации, донации и спонзорства во спортот, образованието и културата.
Јубилејниот спот „Кој би помислил, од една пиперка… до цел свет на вкусови“ носи емотивно патување низ најпрепознатливите вкусови и моменти од историјата на брендот и производите што оставија трага кај многу генерации. По повод својот 70-годишен јубилеј, Витаминка ја претстави рекламата „Кој би помислил, од една пиперка… до цел свет на вкусови“, целосно создадена … Повеќе
На 15 април 2026 година (среда) се одржа работилницата на тема „Баланс, благосостојба и превенција на burnout“, во организација на Витаминка. Настанот беше реализиран со цел да се подигне свеста за важноста на менталното здравје и да се поттикне создавање на здрави навики кои придонесуваат за подобар баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот. Преку оваа … Повеќе
Во насока на континуирано унапредување на грижата за здравјето и благосостојбата на своите вработени, ПИ „Витаминка“ реализираше организирани превентивни здравствени прегледи наменети за жените вработени во компанијата. Во рамки на оваа иницијатива, вкупно 330 вработени беа опфатени со прегледи кои се реализираа директно во просториите на компанијата, овозможувајќи лесен пристап и навремена грижа за здравјето. … Повеќе
Денес Економски факултет – Прилеп беше центар на енергија, инспирација и креативност, каде младите ја покажаа својата визија за поодржлива иднина. По четврти пат се одржа натпреварот посветен на циркуларната економија – тема која станува сè поважна во современото општество. Оваа година, натпреварот обедини 26 тимови и вкупно 146 средношколци од 12 училишта од Прилеп, … Повеќе