Во Витаминка поставени два полначи за електрични возила достапни за сите граѓани 

Витаминка постави два полначи за електрични возила на паркингот на компанијата коишто се достапни за сите граѓани.Поставувањето на полначите е заедничка акција на Прокредит банка, којашто ги донира полначите и на Витаминка со обезбедување на електрична енергија од обновливи извори. 

„Нашата општествена одговорност и трансформација кон создавање и користење обновлива енергија продолжува со новата иницијатива – поставување полначи за електрични возила. Иако користењето на електрични автомобили кај нас е во зародиш, тоа е светски тренд, па ова е само наш мал придонес кон создавањето услови за нивно користење. Нашите деловни партнери, посетители, вработени, а и сите граѓани отсега ќе можат бесплатно да ги наполнат своите електрични возила на паркингот од Витаминка“, истакнаа од компанијата. 

Полначите за електрични возила се поставени и инсталирани со станица на две локации, во кругот на самата фабрика и на паркингот, а електричната енергија е обезбедена од енергијата од сонце и фотонапонските централи поставени на покривите од фабриката. 

Користењето на електрични возила, особено во градските средини, има бројни придобивки како заштита на животната средина и намалување на загадувањето, намалени трошоци за превоз, поедноставни се за одржување и не испуштаат штетни гасови. 

Како општествено одговорна компанија, Витаминка ги поттикнува сите иницијативи и акции во чиј фокус е заштитата на животната средина и ќе продолжи и понатаму со поддршка на вакви иновативни решенија.