Розов Атлантис за Розевата прошетка

Секој чекор напред е потег на храброст и одлучност, детерминираност по секоја цена да се извојува победа. Тоа е основа на нашата развојна политиката којашто ја применуваме во изминатите шест децении којашто доведе до денешниот статус на компанијата. Тоа е воедно и она што не носи напред кон постојан развој и раст.

Меѓутоа, успехот на компанијата сам по себе не може да значи задоволство ако истиот не се подели со заедницата. Токму затоа во нашата суштина ја имаме инкорпорирано корпоративната општествената одговорност. Тоа претставува составен дел од нашата работа, интегрирана во секојдневното бизнис работење и континуираните планови за развој. Оваа ангажираност е манифестирана преку активни мерки за заштита на околината, различни општествени донации, развој на човечкиот потенцијал и давање еднакви можности на сите вработени, преку трансфер на знаење и технологии, заштита на потрошувачите и многу други мерки насочени кон подигање на нивото на одговорност кон општеството.

Секој наш чекор напред, секоја развојна етапа е проследена со вистинска и искрена посветеност кон поддржување на позитивните вредности во заедницата и стимулирање на развојот на сите сегменти од животот на граѓаните.

Со последната наша поддршка на неприкосновената иницијатива поттикната од Здружението Борка, уште еднаш ја манифестираме филантропската и алтруистичка филозофија што е во основата на оваа компанија. Кампањата и Розовата прошетка што се одржува по деветти пат е одраз на едно исклучително важно прашање за здравјето на населението – превенција и рано откривање на ракот на дојката. Но целиот настан, прошетката и слоганот што стана веќе препознатлив и се врза за непомирливоста и борбеноста на сите оние што се соочиле и се уште се справуваат со ракот на дојка, чекорот напред што води до нова победа. Тоа е истиот чекор, со храброст и одлучност што води до нов успех и победа. Токму затоа ние ги облековме нашите морски школки Атлантис во розова боја, боја што во овој контекст станува боја на пркос и непобедивост, боја на постојана борба, боја на солидарност. Покрај розовите Атлантис, во следниот период од секое продадено 200 грамско пакување Атлантис ќе се издвојуваат средства кои што се наменети за активностите на Здружението Борка.

Така што, облекувањето на морските школки Атлантис на Витаминка во розова боја, е повеќе од поддршка, повеќе од грижа, тоа е вистинско подавање рака и охрабрување на сите оние што се засегнати од оваа болест, дека позади нежната надворешност се крие голема цврстина и енергија да се избори со секој предизвик. Розовите морски школки Атлантис се потсетување и за сите дека храброста и одлучноста започнува со самосвесноста, со самопрегледот, со самопочитта, со солидарноста. Тоа значи дека стоиме заедно, покрај сите оние што се соочуваат со оваа болест.